Груевски: Изградбата на автопатот Кичево-Охрид се одвива по планот

Bez autora
Mar 09 2015

Изградбата на автопатот Кичево - Охрид се одвива според планираното и досега се пробиени 25 отсто од трасата, која е со вкупна должина од 60 километри. Ова го истакна премиерот Никола Груевски, кој нагласи дека целиот износ на инвестицијата за изградба на овој дел од автопатот изнесува 374 милиони евра и додаде дека работите досега се одвиваат според утврдениот план. Важно е да се истакне дека од вкупно 670 работници кои работат за изградба на автопатот 600 се од македонски компании и нивниот број ќе се зголемува и во иднина. Веќе почнаа и активностите за пробивање на тунелот Пресека, кој ќе биде долг околу два километри, истакна Груевски.

Груевски: Изградбата на автопатот Кичево-Охрид се одвива по планотИзградбата на автопатот Кичево - Охрид се одвива според планираното и досега се пробиени 25 отсто од трасата, која е со вкупна должина од 60 километри. Ова го истакна премиерот Никола Груевски, кој нагласи дека целиот износ на инвестицијата за изградба на овој дел од автопатот изнесува 374 милиони евра и додаде дека работите досега се одвиваат според утврдениот план.

„Важно е да се истакне дека од вкупно 670 работници кои работат за изградба на автопатот 600 се од македонски компании и нивниот број ќе се зголемува и во иднина. Веќе почнаа и активностите за пробивање на тунелот Пресека, кој ќе биде долг околу два километри“, истакна Груевски.

Најави дека во април годинава ќе се објави јавен повик за прибирање понуди за концесии за делот на автопатот меѓу Кичево и Гостивар.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik